цвеќар (м.)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Секоја недела доаѓаше цвеќарот, секој празник Да ги окопува овошките, да ги крои Да го корне дивиот повит по ѕидовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Напати, баш како и сега, на Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се прави трампа на стари фотографии и пожолтени сни и педантно се сортираат сите биле-поминале гушки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Колку што го боли раката, баш десната, толку понастојчиво поетот ги повлекува линиите небаре оттука, откај езерото од неговите песни, ќе ја здогледаме некако родната му куќа и ќе го почувствуваме опојниот мирис на шебојот од детството баш во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)