царевен (прид.)
Таман и така лебот ми е коа поиспрснат, та јас мисле да заплескам нежоа царевна погача во пепелта, ама лели бркаданик по ти се бендисуа тебе ..., ајде, татко, еве ти го котлето, ќе ти отса брашно, направи ти тури — борави.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Храната на бичкиџиите се знаеше: царевна погача и вода од петшест зрна грав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но затоа и ги хранеше со царевно брашно и граова вода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека се чека да зоврие водата, се замесува тесто од царевно брашно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)