хуморист (м.)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет. Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така тврдоглаво стојат на ставот дека одредена пиеса која излегува од нивната театарска работилница е комедија, (а таа е обична лакардија), за актерите ќе кажат дека се одлични комичари, (а тие се обични хумористи - тоа што го реализираат на сцената може да се перципира како смешно, а не како комично).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)