хронолошки (прил.)
Меѓу нив се шеснаесетте кратки стории низ кои хронолошки е проследен животниот пат на јунакот по кој се препознава и се идентификува Македонија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Како и изложбата, и каталогот е тематски организиран (наместо хронолошки).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Организирана хронолошки, изложбата почнува и завршува со варијации на растителни форми, мотив кон кој Бојс репетитивно се навраќал.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Хиерархиски- по степен на функција и хронолошки- по должината на владеење.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Едни исти автори важат за претставници на модернистичките текови, но и за претставници на постмодернистичката поетика (Борхес, на пример); - Развојот на светскиот расказ во оваа антологија е следен и хронолошки, и стилски.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)