хипокризија (ж.)
Приказната? Дива сатира. Неумоливо, луто, сурово, цинично изложување на официјалната хипокризија, пуританската репресија, религиозниот авторитаризам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Овие контрадикторности не се случајни, ниту пак се резултат на обична хипокризија: тие претставуваат свесна примена на двомислата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа тоа се труди сексуалноста да биде обвиена во неискреност и хипокризија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако верноста е прашање на моралот, неверноста е премолчен одговор во ехото на гласната хипокризија.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)