хигиена ж.

хигиена (ж.)

ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нема срам тука. Гигиено, хигиено, ќе преживееме ли без тебе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се зборува за национален отпад и се бараат расни прочистувања и стрелање на противникот како идеолошка хигиена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„И рецепти за готвење, и за одржување хигиена - лична и во станот - и тоа е поврзано со чиста и здрава животна средина“, - рече мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
д) Што се однесува за нас - најмладите екологисти - укажа дека секоја навидум мала работа е голем придонес за Еколошкото друштво; изградување на еколошката свест низ наставните и воннаставните активности, одржување хигиена во училиштето, во училишниот двор и секаде во градот, во сопствениот двор и во непосредната животна околина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа го посочи и вашата соученичка која токму во насоката за одржување на хигиената го заврши започнатиот расказ - Одгриз на срцето.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Според него до подобрување на животот на народот би можело да дојде со една програма на едукација преку која би се подобрила хигиената и здравјето, а животниот стандард би можел да се подобри за кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Веќе нема кој да ме учи за нозете, сега заглавив поради општата хигиена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАТЕЈ: Има да го објасниш принципот. БОРИС: Како прво и прво хигиена. МАТЕЈ: Ја миев косата секој ден.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Мислам на пошироката хигиена. Во оваа земја има да биде чисто и уредно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Изгледа вчера бил ден по хигиена.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нерамноправна борба со правта. Сѐ во интерес на хигиената.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Топлата вода потполно се исклучува, а одржувањето на хигиената останува само нешто што постоело во минатото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Затоа е потребна хигена на емоционалниот, духовниот живот, дисциплина на умот и телото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пациент 2: Поголем интерес за грижа на сопствената физичка и телесна состојба. Зголемување на психофизичката хигиена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако во самата куќа немавме вода хигиената ни беше на високо ниво.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)