хендикепиран прид.

хендикепиран (прид.)

До него Благоја Бардавски и Јакуб Селим кој е хендикипиран што не го познава добро македонскиот јазик.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Едноставно, хендикепирана сум во тој поглед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој човек не е како другите. Мојот роднина е хендикепиран- ниту слуша, ниту зборува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но сепак останувам на ставот дека образованието може да помогне во навремено откривање на недостатокот и во согласноста на хендикепираните да живеат со него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значи, кога се носи одлука, да речеме таква каква што донел или ќе донесе мојот хендикепиран роднина, се користиш и со мислата и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)