хелиоцентризам (м.)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Но корените на „модерниот“ кончетизам, по наше мислење, сепак се во Италија, онаа Италија на Фичино и Пико дела Мирандола, кога во Фиренца беше промовиран човекот како deus in terris, и кога потоа хелиоцентризмот стана научен факт, кога откритието за бескрајот на светот на тогашниот човек му создало такви проблеми какви нам денес квантната теорија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)