халуциноген (прид.)
Потребни се околу 20 до 30 печурки од овој вид за халуциногено искуство, но затоа, само три или четири се доволни да предизвикаат чувство на еуфорија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Совет: За разлика од други халуциногени дроги каде пријателите можат да помогнат при лоши трипови, корисниците на ПЦП се толку параноидни што не може да им се помогне.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најпопуларниот вид на халуциногена печурка што се наоѓа во Британија, е Liberti Cup, која вирее во периодот од Септември до Ноември.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И така, заедно со група луѓе, Лири на Харвард ја покренува програмата за истражување на халуциногените дроги.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Така дојдов до следните класификации: употреба на халуциногени растенија: постапки и формули кои се користат во магијата; стекнување и ракување со предмети кои поседуваат исклучителна моќ; употреба на лековити билки; песни и легенди.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)