футуристички (прид.)
Славната футуристичка изложба во Париз стигна во јануари 1912,, токму во времето кога го сликав овој Акт.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тогашниот футуристички манифест на Микеланџело е краток и јасен: Се слика со главата, а не со раката (Si pinge col cervello, non con la mano).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во стакатото на искинатите линии, во малкуте скудни потези, тој ги обединуваше симултаните настани на улицата, или во борделот, како што во аглестото изобличување на фигурите футуристичките и експресионистички стилски обележја ги обединуваше се поттиците на детските чкртаници.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Слично на колапсот на темпоралните раздалечини, што можеме да го следиме во електронскиот трансфер на информации, постои колапс на концептуалните раздалечини низ спарување на носталгичното или фамилијарното со футуристичкото или туѓото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Гледана од страна, авенијата Пердју навидум изгледа како фантомска населба во која не вирее никаков облик на живот (налик на оние разурнати градови во апокалиптичните футуристички филмови).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Четвртото, и последно летање, се случуваше во висока засводена просторија, амфитеатар со футуристички дизајн, во која се одвиваше час по физика.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)