фрустрација ж.

фрустрација (ж.)

Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Филмот открива една голема илузија на кружни движења и идеалистички желби, поттикнати и нерешливи од внатрешноста на набљудувачот, а сепак се негира додека ја навредува и умножува фрустрацијата на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фрустрацијата делумно може да се одвива и за време на подготовката иако има поакутен тек.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Скратете, ве молам, за да дојдеме што побрзо до темелниот извор на фрустрацијата - вели мојот shrink.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
6. Прафашизмот настанал од индивидуалната или социјална фрустрација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Перформансот се претвори во оргијастичко прскање поликолор со таков спонтанитет и енергија што зачудената од почеток публика брзо се ослободи од првобитната фрустрација и влезе во таква екстатичност што сето тоа почна да наликува на некаков Вуду ритуал.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сексуалните фрустрации на тие луѓе добиваат форми на политичко организирање и репресија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Првата, за да го заврши школувањето, а втората за да ги одбегне сите оние фрустрации што ги доживуваат познатите личности.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше можеби и добро што не знаев за оваа тајна функција на шифрантот, што би можело да биде извор за нервози и фрустрации, помислував утешно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се бранувала, силно удирала и гребела во него, како тој да бил причината за сите нејзини неволи и фрустрации, и не се смирувала сѐ додека не го расчистела својот пат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така купуваа станови и џипови па фрустрацијата од нудењето сексуални услуги на старите пастуви мораше некаде да ја истурат, а тоа најчесто беше преку незастанување на пешаците низ скотските улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тргнувајќи од себе, прво се внесов во интроспекција и ги истражував корените на моите фрустрации и комплекси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Своето ЈАС го заборавив зад себе, носен од помислата „МОЖАМ ПОВЕЌЕ“ -и секоја стапка поблиску до успехот а за нив, рушење на сите градби од нереални идеи, фрустрации, неконструктивни закитени со синџирите од алчност и лакомост... правејќи заговор како да нѐ спречат?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Подемот на насловниот лик, преку напорна работа, саможртва и безљубовен втор брак, до богатство, гламур и висока општествена положба – заедно со придружните фрустрации, разочараност, расипување и виктимизација — се сведува на една мошне конзервативна, морализаторска приказна, а сексуалната политика на филмот е идентично ретроградна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)