фреска ж.

фреска (ж.)

Внатрешноста на црквата е посебен монумент - фреските, сликита, склуптурите... Акустичноста е совршена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Раскошна архитектура, мермерни шедрвани, бавчи и цвеќиња и двор опашан со висок ѕид, босфорски води, огромни мермерни столбови. 14.500 кгр. злато, кристал, хареми, тешки персиски килими, мермерни бањи, уметнички слики, фрески, полилеи, едно баснословно богатство - тоа е „Долма Бахче“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѕидиштата на „Купол“ се ишарани со фрески, во чие творење учествувале и разни југословенски метници кои студирале и учеле во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во Помпеа има една фреска останата од времето кога вулканот Везув го уништи градот, на која е претставен еден цар кој во раката држи теразија: та на едниот саан од теразијата ставено е скапоцено богатство: златници, накити и друго, а на другиот тас, знаеш што?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој декор и нивните бели облеки не можат да сокријат дека е тоа некаков стар манастир чии фрески се покриени со тешки темнозелени драперии.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зеде од свеќите што гореа во свеќникот, ги здружи за посилно да светат и одеше од фреска на фреска.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го носеше на гробот од свети Наум и му ги покажуваше фреските да види какви сѐ болни светецот излечил и го тераше да го лепи ушето на плочата за да му го чуе срцето, да му помогне светецот, да му даде и нему спас.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Свети Кузман Слушам липање Стон и плач Тоа од фреската стони Светиот врач.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во делото се опишуваат големите анаморфотички фрески во манастирот на редот Минима во Рим, кој денес и не постои.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа и атеистите од романите на Достоевски, излегувајќи од потсвеста во борбата со Бога, посегнаа по црковните сакрални објекти, на нишан беа иконите, фреските...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така и би, возљубени. Утредента логотетот стоеше залепен до ѓаволот на фреската, со него сплотен и не виде ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За еден роденден од баба и дедо, добив книга - Манастири и фрески во Македонија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред да се случи убиството на Никола, една недела претпладне, речиси сето Маказар ја нападнало црквата и ја уништило фреската со неговиот лик, како фреска на еден насилник и лицемер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
1. Кога ги реставрирале фреските, го откриле фреско - портретот на Крали Марко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
2. Фреската „Плачот на Рахела“ реалистично ја искажува трагедијата, како царот Ирод заповедал да се убијат сите машки деца во градот Витлеем.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сѐ повеќе и повеќе заличувала на фреска која оди, исчадена и потемнета од времето, од годините.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе