фотографски (прид.)
Ја разгледуваше студената фотографска конвенционалност: невешти насмевки, стаклено вкочанети очи, усни црни од кармин.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А објектите на Изложбата ќе останат само како спомен, што ќе може да се разгледува во архивските фотографски материјали.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во дваесеттиот век фотографскиот поглед е изедначен со природата, дури фотографската слика се смета за пореална од самата реалност. okno.mk 55
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во моето сеќавање нема тропање на врата ноќе, па ни она дека татко ми рекол дека ќе оди да преспие во одајчето на Нанчо кое во мојата глава е втиснато како негатив фотографска плоча.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На сите фотографии изгледам многу полошо одошто во природа, барем мене така ми се чини. – Што сакаш ти, фотографскиот апарат да те разубави? – ме зафркава брат ми. – Не е шминкер!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум. Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Минејќи покрај фотографскиот излог на Сотка, осветлен со една сијалица внатре, тој го погледна по свој стар навик.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му. Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза на кафето кај Славета, се упатува за дома, малку - како и секогаш - се задржува пред фотографскиот излог на Сотка, пред да сврти во своето сокаче и пак се враќа назад.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мораше фотографски да ги меморира зашто, од необјасниви причини, не можеше да ги запомни трите зборови.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)