фобија (ж.)
Лично, имам вистинска фобија од момци слични на нив кога ми се приближуваат на улица... ТЛ: Тоа е моќна сцена!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Ти се допаѓа?“ „Не. Знаеш дека имам фобија од пајаци“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Фобијата од гужви, испотените тела и непрестојното брборење како зуење на пчели, си го направија своето.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Имав фобија од сеништа. Мислев дека ме следат насекаде.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)