флуиден (прид.)
Мрмори нешто за флуидни нозе и заскитува некаде накај езерото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Евроазијатка, напола гаихин, долгонога и флуидна во кинески модел, попалена од некој оригинален токиски дизајн. Темни европски очи, азијатски јагодици.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Откако се полил со желе - за да го означи враќањето во флуидната состојба - и неподвижно, како да е мртов, стоел околу половина час, Бојс влегол во кадата наполнета со вода и се полевал со неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ова чувство на премин - да се биде помеѓу состојби и оттука во самиот процес - посебно е очигледно за Бојсовото исклучително чувство за површина или текстура, различните „допири“ што ги поседува материјалот -мек или тврд, флуидно мазен или рапаво груб.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
12 Границата може да биде и менлива/флуидна, како во случајот на дипломатски имунитет, меѓународни авиони и бродови или - на полично ниво - мобилни домови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Остави ми простор за флуидни креации.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)