фитил м.
фитиљ м.

фитил (м.)

- Многу е рано, чорбаџи Панде... - рече без лутина анџијата и го поотпушти фитилот од секнатото мало ламбиче, ставено на еден голем превртен кош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Фитилот е прекинат некаде. Од напрегнатост во свеста на Арсо започнуваат да се диплат магличести кругови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фитилот е угаснат, фитилот е угаснат! Но, не е можно тоа! Страшно е да се чека вака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се враќа Бандо во постелата, ја гледа жена му кај што спие со собрани усни низ кои шишти нејзиното дишење како фитил да гори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ноќта е веќе мошне задлабена. Само уште снегот, со мака, со затегнат фитил, ни присветува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа една мува се одлепила од таванот и паднала низ шишето на ламбата. Право на фитилот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Јон ќе ме погледа, погледа, па ќе го земе кандилото и ќе појде кај Доксима Тренчески да му тури газија, да му го намести фитилот. ***
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирис на восок на фитил и штотуку испечен леб - бела погача; мирис на темјан и јаново цвеќе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе се вивне некој полски нужник и ти знаеш дека фитилот го држи некој човек, чоловек, женшина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Го пуштив фитилот на ламбата. Кога ја видов во светлината...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неа имаше постела покрај ѕидот и една ламба на масата, со задушен фитил. Таа...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. Сојузниците ќе се обидат да достават колку што е можно повеќе воен материјал за оваа операција: противтенковско и планинско оружје, експлозиви, електрични запаливи фитили, муниција за нашата пешадија и тешкото оружје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овие бомби, што се активирале со палење на фитилот, на отворено немале урнувачка моќ, но затоа биле погодни за правење паника со својата силна бучава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој не ги прими со благодарност, туку со навреда што му ги враќаат неупотребени карбитните конзерви со експлозивен фитил, можеби очекувајќи дека од неспортскиот улов ќе добие дел со кој ќе може да се пофали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зборуваа за зулумите што беа почести по селата, и за тоа што се слушаше: дека наоколу во шамакот се кријат ајдуци и дека треба само мал фитил за да се чуе нивниот глас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
8 Hannukiah – светилка со девет кандилца, фитил на масло, или свеќник со девет краци
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе