фискултурен (прид.)
Иако во градот често трчаше со другарите по топката, возеше велосипед по улиците на населбата, вежбаше на справи во фискултурната сала на училиштето, не можеше да стане ни збор за некаква споредба меѓу издржливоста негова и на Бојана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Поодев уште педесетина минути и излегов кај ширинката пред Фискултурниот дом којшто имаше две вртелешки а на стожерот од едната, еден врзан пес беспризорно се мочаше по асфалтот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа минав низ теснецот меѓу ракометното игралиште и фискултурниот дом, поодев уште педесетина метри и излегов пред Офицерски, на самиот почеток на главната улица. 64 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Украдовме од една туѓа тетратка еден лист и на него, со невешт ракопис напишавме: „Луција – курва фискултурна!“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Реков дека тоа не било недостојно име, туку сум ја нарекол, реалистично, „курва фискултурна“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Партизан - име на фискултурно друштво и едно кино.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)