филигрански прид.

филигрански (прид.)

Неговите влажни, бледозелени очи гледаа во филигранска табакера.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Каква филигранска имагинација се исцртува низ превезот на настаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа е книга за една мајка, авторовата мајка, лик филигрански изгравиран врз златната подлога на авторовата проникнувачка реч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Огледалото беше во форма на издолжен четириаголник, обвиткано од сите страни со чисто брановидно сребро, филигрански обработено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој најдолго запре пред излогот на еден филигрански дуќан целиот со најразлични сребрени, чудесно изработени филиграни како: раскрилени пеперутки, богат накит во различни облици, прстени, бразлетни, обетки, ѓердани, накитени кубури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)