феникс (м.)
А на месечината гласно ѝ рече: „Сите ме заборавија, а мене ме уби веста за мојата смрт.“ Чудна птица беше тој Отец Симеон, се раѓаше како феникс: од пепелта на својата смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Властите ветуваат дека ќе сторат сѐ што можат, дека прават, постојано објавуваат нови решенија, донесуваат закони, но одредите за опустошување се како птицата феникс која никнува од сопствената пепел.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во секој случај е идиотски да се објави смртта на уметноста, а притоа да се биде и во историска и во практична- животна смисла сведок на уметничката ревитализација, и од трендовско- стилски аспект, и од аспект на самите уметници кои своите дела најпрво ги акцептираат како уметнички надгробни споменици, а подоцна како капитални дела на „новата“ уметност - феникси на новиот живот на уметноста...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)