фајронт (м.)
Бидејќи никој не сакаше, од момчакот на шанкот што беше всушност аспирант да се појави на сцената како актер, до гостинот што беше дошол не како доктор туку како автор, прв да крене рака и да даде знак за фајрон - оставија тоа да го сторат бинлачето со ракија и бинлакот со вино откако се соголеа до газерот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Здравиците проткаени со поетичност продолжија до фајронтот, доцна во ноќта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)