фашистички прид.

фашистички (прид.)

Гонет поради револуционерниот говор од фашистичката полиција, бил принуден да се засолни во Софија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во есента на 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Сараево, каде го затекнала фашистичката окупација.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На прашањето што најважно се случило, на пример, во 1941 година, машината не даде одговор дека најважното е што фашистичка Германија извршила напад врз Југославија, врз други земји и врз СССР.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се колнам занемевме сите кога од своето место, на предната клупа, како изгорен со револвер в рака скокна татенцето, кога како најлудо птичиште крикна: - Проклето фашистичко куче, нема да бесиш, - го напери полниот револвер право во несреќното момче Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа сѐ повеќе му ги боде очите на фашистичкиот стражар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред затворот фашистички војник. Чекори. Тешки, убивствени чекори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потковицата и тогаш беше запоседната од фашистички војници и полицајци, божем пак беа дојдени за да прават маневри а всушност ги правеа поранешните работи - ги гонеа партизаните и ги одземаа вилната и млекото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во XX век, во нивниот бес да се пресметаат со природата поради наводната индустридолатрија, капиталистичкиот, фашистичкиот и комунистичкиот систем ќе настојуваат дефинитивно да ја победат козата, зашто таа претставувала продолжување на традицијата и носталгијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниеден фашистички водач никогаш не успеал да го реши тој проблем.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Објавувајќи ги двата памфлети: Дребулии за еден масакр (1937) и Училиште на лешеви (1938), Селин на некој начин им се приближи на фашистичките политички погледи и стекна голем број непријатели кои никогаш не му ја простија антисемитската жестокост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сите нацистички или фашистички школски учебници се служеа со осиромашен вокабулар и со осиромашен вокабулар и со елементарна синтакса, за да можат во корен да ги сосечат инструментите на комплексното и критичко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Хрватската илузија, дека фашистичкиот и комунистичкиот тоталитаризам се туѓо тело врз здравото хрватско народно јадро и дека најпосле оствареното владеење на народната волја автоматски е и измирување со злото од минатото и воедно исчекор во демократска иднина, има само една цел - потискување на вистината на тоталитаризмот, а со тоа и негова репродукција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа уште во млади години како матурантка во престижната учителска школа „Мајката Царица” во Тирана, се влеа во првите редови на антифашистичките демонстрации во текот на покорувањето на земјата, газејќи ја сликата на фашистичкиот водач Мусолини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
РЕАЛИСТИЧКАТА УТОПИЈА, омеѓена со периодот меѓу двете светски војни, го доживеа својот врв кога тектонските сили на колективната свесност беа уништени од револуцијата на пролетеријатот во Русија и со подемот на Фашистичката и Нацистичката доктрина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Националистичкиот, болшевичкиот и фашистичкиот олош решава за нашите животи. Сите општествени норми се обезвреднети.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еднаш, откако гледаа филм за фашистичката германска и бугарска окупација, мајка ѝ, ѝ раскажа страшна случка од своето детство... од војната. За една ноќ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
48 По капитулацијата на фашистичка Италија најголемиот дел од италијанските единици концентрирани во Западна Македонија биле разоружани од партизанските одреди на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со почетокот на вооружената борба, македонскиот народ се нареди во редот на народите кои му се спротивставиле на фашистичкиот експанзионизам и станал дел од атифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе