фарисеј (м.)

Пееја химни и псалми во своја чест, следени од литија, попови, и патријарси, од лажни богоугодници и фарисеи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш беше навистина изненаден од она што го слушна и што го виде, уплашен од сомнежот во сопственото срце и од сомилоста што ја почувствува кон Стефана, осамениот говорник пред фарисеите, кои нервозно си ги потскубнуваа брадите слушајќи го.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се бранеше пред Агрипа, рече дека сите го знаат него и неговиот живот во Ерусалим – како и татко му, тој беше фарисеј и живееше според најстрогите прописи на својата вера.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Фарисеите го жртвуваат Вештиот на реч и Моќниот на дело - за да не им стои на патот и да не шири нова вера.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Една цела фаланга националистички ориентирани политичари, писатели, фарисеи, профитери започнаа да го нагризуваат споменот на некогашниот владетел кој според едни, и не беше ангел, но не се и луѓето ангели, додека според други ако е политиката уметност на можното, Тито го правеше и невозможното.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ни требаат вистински верници не фарисеи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)