фантастично прил.
фантастичност ж.

фантастично (прил.)

Или, можеби, ништо не криеше. Како орев од кој вешта верверица ја извадила на неразбирлив начин јатката оставајќи на тврдата кора фантастично мало дупченце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој фантастично се плашеше од сонце и мачки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие очи гледаат и само едно забележуваат: суво, ситно лице, фантастично покриено со густа мрежа брчки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред овој црнец се ниша русо момче, му го покажува јазикот, пијано намигнува, фантастично ја издолжува белата шија, личи на штрк и очигледно навредува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На крајот, не можам да завршам а да не го спомнам она фантастично троминутно возење на камерата (без рез), кое следи по едно апсолутно генијално делче во филмот (целото трае околу пет минути, и се одвива во паузата меѓу вториот и третиот „чин“ на таа „театарска претстава“) и кое делумно потсетува и на „Готвачот, крадецот...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во светлина на обновената уметничка фигурација, се чини дека тој, како добар домаќин на своите современици, го подготви патот за враќање во живот на обидите за синтетизирање и помирување на фигуративната ликовност и експресивната употреба на медиумот - навистина, голем број од Риверсовите платна од 1950-тите и 1960-тите, во контекст на современите слики делуваат фантастично свежо и витално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Официјалната култура и политика никогаш не можат да го фатат во комплексноста на подземниот лавиринт каде андерграунд уметникот фантастично се снаоѓа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уметноста во својата поетика е универзална, иако фантастично специфична по своите техники.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога не сум со нив и кога ќе се вратам од Маврово, треперам да не ми кажат колку фантастично си поминале, па жива да се изедам од мака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Фантастично! Дочекав мојот син да ме информира за виталните проблеми на населбата во која живееме, всушност, пошироко и за градот!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Предлогот беше едногласно прифатен: Фантастично! Супер!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Гуштерот со своето светликаво тело му ја даде првата најава за поширокиот свет, и како во сон му ја сугерира визијата за тропските предели и џунгли, кои беа населени со фантастично обоени живи суштества.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
ЖЕНО Твоето димензионално тело фантастично изобилство на еротика во шумот на сексапилноста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Доцна есен, сѐ беше фантастично обоено. Како слика која би ја замислил Пикасо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)