фантастичен (прид.)
Македонска интелигенцијо! Време е да се помисли дека е грешно да се прави опит со туѓи човечки животи за нашите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во изведбата на Атомиумот е вложена фантастична инвентивност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Постариот внук му се обраќа со плачни очи: - Изворите на нашите фантастични претстави за младоста избиваат токму во оној стадиум на животот кога годините ги разурнуваат развиените форми на апстракција и посредно расудување, Дедо, (во меѓувреме дедото мора да седне, зошто помалото внуче му ја отсечува едната нога до коленото), наивно е да веруваш дека твоите спомени ја чуваат младоста неизменета.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но, фантастичниот декор употребен убедливо, каков го употребува сонот, ја прави таа исповед постварна од било која заробена вистина.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веројатно и наставничката ги сака овие фантастични работи, па со занес ни раскажува за вселената.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Фантастичното ја раздира површинската кора, па поради тоа потсетува на едрена точка; постои нешто што дури како да настојува да нѐ исфрли од рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во четириесеттите години на овој век, времето кога авторот ја доживува својата афирмација, апсолутна доминација на полето на фантастичната литература во Соединетите држави имале магазинските списанија со голем тираж, што најчесто биле примерени на вкусот на најшироката публика на која ѝ се обрнувале.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тргна од почетокот на фантастичниот фриз од сатири и фауни, од девојките потопени во вино и еднорозите што потскокнуваа и момчињата што свиреа, одеше бавно долж брегот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Писателите на фантастичната и научнофантастичната книжевност биле принудени да соработуваат со овие списанија, па така се случило медиумот да ги наметнува стандардите, за денешни поими, впрочем, сосема простодушни и дури наивни.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа е друг тип на текст кој произведува други правила и се однесува на други правила, што не одговараат ниту на тој премногу традиционален поим на филозофија ниту на оној на само досетливата или фантастична литература.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако се гледа во тој миг одозгора, тој прилега на фантастична, асиметрична пеперуга што слетана на сувата земја трепери од некаква непозната страст додека врз неа паѓа црвеникавата прав на времето”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ѕвездената астрономија опишува еден универзум на фантастична разновидност: стотици билиони ситни ѕвездени системи во нашата мала галаксија, стотици билиони галаксии во нашиот малечок универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бебињата затоа имаат фантастичен талент за преживување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Еротските слики и претстави стануваат „фантастични“: двосмислени, перверзни, предизвикувачки, аутистични, хомоеротски.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој тип уметник е хиперинтелигентен крт, стаорец со фантастични рефлекси и интуиција на гениј, тој е алхемичар и научник, господар на дрогите и виртуоз на сарказмот - тој има авторитет пред криминалците и морлоците кои му се јатаци и често делуваат во негово име.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)