фанела ж.

фанела (ж.)

СИМКА: Чувај се од студ, од мраз, Костадине! Фанела да си носиш.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде потскришум, каде јавно, почна да му праќа преку Тода на Крлето секој ден, секој други ден, нешто за јадење; му прати чорапи, гаќи, фанела; за Водици цел такам од конец и ѝ потфрли на баба Бисера да му го каже ова на попчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беа пијани, разграштени - едниот во темна фанела, без своето темнозелено палто. Сега беа пријатели.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Селаните им даваа на војниците кокошки и јајца, а овие им даваа сиви кошули, чорапи, фанели па дури и нови војнички чевли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во бурињата имаше спакувани бомби, шмајзери, англиски пушки, зеленикави кошули, џемпери, фанели, блузи и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Спокојно му рече на Миладина: - Е сега Миладине, извади го ножот од ножницата и исечи им ги оптоките од фанелите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А месото на фронт, кожите им ги продадоа на трговците, а волната со месеци ја перат жените, а во бараките ја предат и плетат чорапи и фанели за оние што се на боиштата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Земи ја барем фанелата. Волнена е, од син ми.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По ручекот ги вадиме фанелите, кошулите и ги држиме на врвот од огнот — ги гориме вошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали шамија, дали фанела, дали плетени чорапи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ножот со седефена дршка го зеде за една волнена фанела таму, на тулаана; дојде да работи пред да го продолжи својот живот по онаа врвица на која сврши последниот чекор на татко му.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не занесувај се. Крадците не носат ни фанела ни гаќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш јавно го донесе пакетот во подрумчето, го раскина пред самата Чана и од него измолкна една фанела, кошула, поткошула и два пара машки гаќи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше раскината фанела на градите и целиот беше поцрнет од муви и други гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа ни ги собираа покривачите, веленцињата, перниците, топлите палта, ракавиците, чорапите, фанелите, капите, волната, тенџерињата, чиниите, лажиците, виљушките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѝ даваа селаните и покривачи и перници, виљушки и лажици, чинии и чаши, чорапи, фанели, кошули... и немаше ден камбаната да не удри на мртво и се пренесуваше дека тој и тој загина и плачење се слушаше секој ден во селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во торбата, што постојано висеше зад врата, секогаш имаше здиплено фанели, чорапи, нараквици и по нешто за јадење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нечујно длабоко вдишува, само за миг здржува здив и под дебелата волнена и густо плетена фанела што ѝ ја испрати мајка ѝ пред некој месец, чувствува како силно и немирно ѝ тупка срцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе