фалба (ж.)
Расплакана Албанка, косите што си ги куби, фалби на Кузман му плете, бидејќи во оваа слава и подвиг ѝ убил можеби маж или дете.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Да не речат дека сме туѓи на честа и дека фалби се нашите цели.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
За тебе слушнав од душмани твои фалби што тебе те слават..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Фалбите од капиданис Цицос дека ќе ги погрчи и Јовановите „бугарски" села излегоа и на видело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ни опомените на даскалот, ни прачките, ни фалбите од Стојана и Јована не можеа така веднаш да го смират, како нејзиниот поглед.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Попусто фалбите, - одвај успевајќи му велеа едни.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Гледаа во лустерот и редеа какви не фалби, прашања...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не пукнуваат, ама спласнуваат, зашто со време гледаат дека на нивните фалби луѓето гледаат со подбив.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Признателност? Па добро, тоа на крајот од краиштата, и не е нешто лошо што човек може да го посакува. Човечки е да посакаш и признателност и фалба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Победувајќи го самољубието што произведува фалба, тој нема веќе да потреба од обвинување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зборуваше збор по збор, зачкилен, а сѐ поотворена фалба му ѕвечеше во гласот, заради подвизите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И навистина смешна беше оваа фалба, изговорена така омрцлавено, што веднаш се гледаше дека не може да се изврши.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не разбирајќи ја иронијата во која се нашле, наместо да се почувствуваат како вишок на самите себе, најтрагично од сѐ е тоа што тие луѓе за себе мислат дека се победници, па продолжуваат да се хранат со фалби.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Коментарот е фалба за природата, но за луѓето, за Преспани ни збор.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Дека приматот за вечна фалба, ете, некоја му го одзела.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)