фазан (м.)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Други оддалеку ни личеа на фазани или пупунци: носеа шеширчиња со долги подвиткани пердуви.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А ловџии, - малку! - Еј, гледаш ли фазани! - ме кошна сопатникот Ицко.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Повеќе сакам фазан од историја!...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во трпезаријата, неколкумина слуги му подготвуваат остриги, шампањ и фазани. Тој сака добро да касне.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во аглите висеа обесени суви лејки од македонските ниви и препарирани фазани , жртви од ловот во националниот парк.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)