ујдурма (ж.)
Пак е тоа некоја негова ујдурма: да се измазули некако со лозјето.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Без најтемелно и најбрзо можно испирање на мозокот, нивните расипани умови би можеле да проникнат во нашите валкани ујдурми.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога се стемни и деврието, тропајќи, замина кон Серава, ибн Пајко појде дома за да си земе некои алишта, а најпрвин да ѝ каже на Калија дека е сето ова ујдурма и привремено, зашто со попот Ставре смислиле како да излезат поербап од валијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не постои чоек што не доаѓа у искушение да направи некоја ујдурма.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Во неговиот дефтер веќе беа запишани зборовите: арач, марифет, арам, инает, фукара, пишман, инает, рушвет, ујдурма, ќелепур софра, калауз, јаничар, башибозук, калауз, курбан, гурбет, душман...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема историја, ниту политика без ујдурма!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)