ученичка ж.
ученички прид.

ученичка (ж.)

Меѓу нашите ученици прозрни и една ученичка, едно женцко дете седна на скамијата и сака да учи книга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кога бев јас ученичка, многу сакав да одам на прошетки!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- А каква ученичка е Елена, а? - Не знам, не учиме во исто училиште. - Како не учите? - Па така.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Учев во претсобјето. Во дворот си играше Ели со две ученички од нивниот клас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сините очи се приближија. – Една ваша ученичка – одговорија огромни очи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се држиме за раце, ко ученички што добиле петка и цел пат се подмочнуваме од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопчуваа од подот Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На свеченоста што се одржа во училиштето по повод завршувањето на училишната година, кога сите ѝ честитаа на Лорета како најдобра ученичка, Аце стоеше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Да ѝ бидеш добар брат, а таа да расте, да дочекаме ученичка да ми стане.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Веројатно некоја ученичка што со екскурзија го посетила бродот тука ја заборавила.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ме праша во каква врска сум со ученичката Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И гледаше во ученичките, онака како што маж гледа на жена; не ги сакаше машките, и редовно им ставаше пониски оценки одошто на женските.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Има ли уште некое прашање?“ „Има!“ од задните редови скокна една ученичка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Уште Томе не дорече, скокна една ученичка: „Јас сум од ОУ „Димитар Миладинов“ - еве тука - во непосредна близина, не сме на никаков терминал - ама издувни гасови колку да сакаш!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Знаете, овие борчиња ги саделе кога баба ми била ученичка“, рече Јасна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Знаеш, се чувствувам како ученичка што избегала од дома на првиот состанок со дечкото.  - Избегала?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе