устремува (несв.)
Со брз чекор влегува во собата и се устремува кон куферот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не се устремуват кон влезот, полека запираат среде двор, или не запираат, туку само побавно чекорат, ја опфаќаат црквата со очите, устите не ги вражат, само дланките што ја држат за рачињата како да се претвораат во усти и тие ѝ пренесуваат некакви сигнали, нешто како зборови што прв ги слуша и не ги разбира.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Гледам како Надењка излегува на тремот и како устремува тажен, чемерен поглед под небото...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)