устреми св.
устрем м.

устреми (св.)

Погледот им беше устремен накај сртот на Беласица што се одразуваше на јасното небо како остра црна рецка: таму некаде во нејзиното подножје, се наоѓаат младинските бригади, нивна крајна цел.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А птицата навистина се претвори во камен, но не се устреми кон излогот на слаткарницата, туку почна да паѓа право кон Димче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Очајничкиот повик го натера да се устреми кон давеничката, но тукушто почна да паѓа кон неа, сонот, како и минатиот пат, ненадејно заврши.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога нејзиниот поглед се устреми кон градот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ковчегот е врз пресноископаната земја, поворката околу ковчегот, сите своите очи ги потпираат врз тврдиот поглед на старецот, а тој како да не сака во никого да погледне, неговиот поглед е устремен право нагоре во небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тодора се премести тешко од нога на нога и намерно си ги избриша рацете од скуталето, кое малку и го поткрена, божем се готви за нафора, а попот тогаш ѝ го виде мевот што баеги се беше устремил нагоре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Напред одеа попот Ставре и робот Бошко, а до нив самарџијата Димо и стариот Пајко, сите стискајќи се толку за раце, небаре некој се беше устремил да ги раздели.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)