успешен прид.

успешен (прид.)

По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одликува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со војнички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се гледаше дека денешниот лов му е успешен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тие му објаснија нешто набрзина нему, грабнувајќи по еден сосема кус миг да се поднасмевнат во таа своја разјареност, со една иста така разјарена, но и задоволна насмевка, како по некоја успешна експлозија, која и нив ги исплашила но и ги израдувала најмногу од сѐ, тоа траеше сосема кусо, а после сите се наведнаа и го слушаа, додека тој им зборуваше тивко, споро, но остро, гледајќи го секого од нив со еден светнат, жив поглед, кому ништо не му се прокрадуваше незабележано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би било исто и со радоста, и со една бесмислена радост, која продолжува да поигрува низ тебе по секој успешен лов, мислеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Генералот на оваа положба се наоѓа 12 години, по успешниот воен пуч против претходниот Генерал.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
1. Пиштолот служи за водење борбени дејства на мало растојание. Домет: 800 до 1000 метри. Успешно дејство до 50 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нишански домет: 5000 метри. Успешно дејство до 400 метри. За групни цели до 1000 метри. Авиони до 5000 метри. Борбена брзина на гаѓање: 10 куршуми во минута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Успешно дејство со кратки рафали до 200 метри, а со долги до 100 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега, по успешната колективизација, може со брзи чекори да се оди кон индустријализацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мудрост и фантазија, едноставност и длабочина, хумор и рефлексивност: овој роман обединува илјада нијанси на успешна алегорија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Авторот преку козата успева да го претстави контрадикторниот и анархичен дух на Балканот во една фасцинантна парабола, како посебен европски прилог во успешното претставување на комплексната балканска историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според тоа европски втемелено мислење, успешното сликарство не смее да биде наративно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Резултат на овој преглед беше тоа што на обајцата ни стана очигледно до кој степен anorexia nervosa ѝ создава тешкотии да биде успешна во било која од овие области.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Професионалните дисциплини се успешни во развојот на јазичните практики на техниките кои сугерираат дека токму тие имаат пристап до „вистината“ за светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ѕвездоликиот геометриски образец (знакот на Соломоновиот жиг) се јавувал дури на крајот на магистериумот (вештината), како знак дека опусот е успешен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако не е строго легално, не постои успешен случај на кривично гонење за продажба на нитрити, бидејќи проблемот сѐ уште не е покриен со законот за дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изгледа Светецот премногу јадел, па се здебелил, и светот го претворил во голем, дебел, меснат задник (впрочем, отсекогаш и бил таков, посебно за успешните луѓе. Ми се гади од нив).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во последно време, канабисот е признат како ретко успешен лек за глауком во Америка, како контроверзен лек за опуштање на мускули при лекување на склероза мултиплекс и лек за апетит при третирањето на болните од СИДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дедо ми имаше докторат! Беа толку малку успешни, зборуваа: бизнисот е она вистинското, тој ќе успее во бизнисот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе