усовршен (прид.)
По нив стигнале Византијците. Уште повеќе ја усовршиле римската стратегија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој не само што ја има усовршено својата дарба внимателно да го сослуша секого со сенешто, макар и најздодевна будалаштина туку е и неверојатно љубопитен, дури и за работи коишто за ништо не можат да му послужат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ние, луѓето, човечкото лицемерие сме го усовршиле до совршенство. ***
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)