усилба ж.

усилба (ж.)

47. Јас сум еднаш уверен оти во мојата постапка нема ништо предавничко: 1/ оти мислите, не само на приватни лица како мене, но и на сите Македонци од бојното поле и од Бугарија, и мислите, барањата и предлозите на целиот бугарски народ и на бугарската влада не се во состојба да ги изменат погледите на големите сили и на Русија врз потребите на македонскиот народ; 2/ сите усилби понатаму одвај ли ќе го променат поведението на државите по нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слободата ја добија Бугарите со најмали жртви и усилби; неа им ја подарија Русите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
100. Владата направи усилби да го поврати изгубеното, но уви! - било доцна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разбудениот град со своите секојдневни шумови и звуци, животот разнолик и секогаш еден и ист, е исправен пак во утрото на подновените човечки усилби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во негова чест, дедо му синоќа зготви качамак, кој и покрај нивните машки усилби, остана недојаден.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
При излегувањето од колибата Бојан направи усилба да се заниша на гредата во тремот, но не му успеа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едностраната британска помош на четниците се одвивала сѐ до 1943 година кога промената на ситуацијата на фронтовите и сојузничките подготовки за десант на Сицилија во пролетта и летото на 1943 година, ги поттикнало сојузниците кон поголеми усилби за активирање на антиокупаторските дејства на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Целта на нашите усилби е револуцијата. А нашиот идеал - развитокот на човештвото, сеопштата среќа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ги вложил сите усилби да го оневозможи изборот на Цончев во Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се сеќавам и на однесувањето на претседателот на Француската република Франсоа Митеран, кој во последните години од владеењето, дури под притисокот на неизлечивата болест, чинеше натчовечки напори и усилби како да остане во историјата, макар што во граѓанска Франција, вечните мандати беа ограничени, а демократските традиции силни Минував близу претседателската палата, близу улицата, кога Бургиба, пред неколку дена продолжуваше, добро облечен да ги врши своите утрински прошетки за да ја убедува нацијата дека е тој жив и здрав и дека ведро чекори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога онака грубо, по свое, директно во лице ќе ми ја плеснеше оценката за усилбата да запеам, солзи ми навираа во очите, што би рекол Конески, „во градите жал лута ме стискаше, ми идеше да плачам ко дете“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Денес, сето тоа чувство би го доживувал по илјадапати на ден, само да го имам тато, само да може да ги оценува моите усилби, да може да оцени колку ме бива за пејач, поет, драмски писател и раскажувач.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)