урамнотежен (прид.)
Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нè учеа како да ги преведуваме речениците од латински, добро урамнотежени, со глагол, субјект, додаток, рима.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Благодарејќи на постабилниот развиток на стопанството во претходниот период, трговскиот биланс во Македонија бил или активен или урамнотежен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Од 1881 година започнал да се подготвува горе-долу урамнотежен буџет и се појавил стремеж за негово реализирање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но татко ми, ако имаше нешто наследено од источната мудрост, беше чувството за спокој, трпеливост, кое извираше од една урамнотежена и припитомена фаталност, со која ја смируваше западната забрзаност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, се покажало дека новата реалност и објективното слабеење на британската моќ овозможувале сѐ помалку изгледи за остварување на некогашните или за создавање нови, донекаде урамнотежени позиции наспрема останатите големи партнери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)