управи (св.)

Туку, во еден момент, тој запре. Погледот му се управи кон вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Младиот патник... тука офицерот го стави прстот на местото до каде што беше стигнал со читањето и ги управи своите живи костенливи очи на Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јанче долго молчеше со погледот закован во трпезата, разговараа тие тројцата сами, во гостинската одаја, а кога го управи на Дамческите, во нивните очи виде иста таква беспомошност каква што го имаше него навасано.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Колкот веќе го болеше и стапалата му мрзнеа, ама тој од Туз-пазар, наместо да се управи кон мостот на Вардар, оној мост што ти имал четиринаесет сводови, а бил од вакуфијата на гази Иса-бег, појде да ги разгледува маалата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ќе можеш ли да ми најдеш нејзина слика? - праша Соколе тихо, а погледот му се управи молезливо на момчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојата љубов не можеше да се управи спрема секого, па макар колку тој да жедува, таа си бараше предмет достоен за својот занес и тоа беше нејзино свештено право, пред кое паѓаше секоја предрасуда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)