управен прид.

управен (прид.)

Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По тој начин Стале образува „управен одбор“ чијшто доживотен претседател остана тој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А, против одлуката за прекршок што ја донел Прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор пред специјализираниот Управен суд на РМ (чл. 10, ЗИДЗРО/дек.08). д) Во декември 2008, со втората измена на ЗРО (2005) – којашто, патем речено, скоро во целост се однесуваше на „казнената политика“, покрај тоа што, како што видовме, глобите неколкукратно се зголемија, беа додадени и некои нови појаснувачки и процедурални одредби: •  со чл. 266-в е регулирана постапката за порамнување којашто државниот инспектор за труд е должен да му ја предложи на сторителот на прекршокот, и тоа пред да поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За ова право да се материјализира во друштвата во државна сопственост, најпрво треба статутот на друштвото да предвиди дека со друштвото ќе раководи Управен одбор.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така, во оваа насока е и новата експлицитна одредба која забранува покренување на управен спор против конечното решение на трудовата инспекција, со кое се одлага извршувањето на одлуката на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По ова, таа, во мај 2002, иницира посебна управна постапка за признавање право од инвалидско осигурување пред ФПИОМ, поточно пред Стручната 140 служба на Фондот – ПЕ Велес.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој што со закана дека ќе напад- не врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла – ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За поправањето на пресудата судот може да одлучи без сослушување на странките (чл. 331, ЗПП). 5.  Во судскиот систем судската власт ја вршат основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на РМ (чл. 22, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако биде пропуштен овој рок, подносителот има право да го извести Државниот управен инспекторат кој врши вонреден инспекциски надзор и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор го известува подносителот за утврдената фактичка состојба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закон за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Сл.весник на РМ, 51/11.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл.весник на РМ, 136/11. 57 62 барателот во тој случај подносителот треба да поднесе приговор во рок од пет работни дена до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, (ст. 15) кој е должен да го разгледа приговорот во рок од три работни дена и доколку утврди дека инспекторот постапил спротивно на позитивните законски прописи во тој случај е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот е должен да изврши надзор во Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ. (ст. 16)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)