упатен (прид.)
56. Бидејќи овие зборови им се упатени на членовите на МНЛД и на интелигенцијата надвор од Македонија, каде што постоеја извесни услови за слободен развиток на македонската национална научна мисла, тие имаат оправдување, но не можат во целост да се однесуваат и за македонската интелигенција што се наоѓаше во земјата, па ни за онаа во соседните монархии, зашто не постоеја ни елементарни услови за таква дејност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Крцкаше животот, беше претоварена кола упатена кон бездна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Измислениот возбудлив свет беше оаза кон која беа упатени сите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ние сме торпеда упатени кон него. И враќање нема!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Така веднати дојдоа до горната авлија и тука свртеа упатени еден кон друг.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Никој не може да оспори дека таа беше главен организатор на сета оваа програма и многу детски искрени топли погледи на учениците беа упатени кон Вера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Нивните поздрави и писма им ги испорачав на оние до кои беа упатени...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сето зацрвенето и зазбивтано, ова старче чиниш фрлаше искри од устата и, за сето време додека говореше, гестикулираше толку силно , што чиниш со рацете ги удираше оние против кои беа упатени неговите зборови.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Главните надежи за изнаоѓање нови и моќни извори на слатка вода се упатени кон водите на Дунав.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тоа, и да имало некое недоразбирање помеѓу тополчанци и тројкрстчанци, од една страна, и Внатрешната македонска револуционерна организација од другата, жителите на Потковицата бездруго не биле во сѐ и до крај упатени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
1. Да пловиш или леташ Исто е, штом си вон од себе, Излезен од својата кожа, ум, Ако си небесен друм, Упатен кон Севишниот дух И ти дух си, невидлив, молчелив Делче од бескрајот од етерот Од ветерот кој те носи, носи, Тогаш што си? Небитие?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Нашите мисли се упатени кон нив и ние остануеме на тоа сите Македонци да бидат обединети во својата татковина.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако не сте упатени, ќе ви кажам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Друго е да е во борба, да си упатен некаде, на некого.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Прекорот беше речиси неусетно упатен кон мајка ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имено, двата пристапа кон сликарството се упатени кон најдлабоките слоеви на човечката душа и одејќи сѐ повеќе од онаа страна на рационалноста покажуваат дека остварената ирационалност и парадокс можат да имаат зачетоци во други, не помалку длабоки типови на значења кои можат да ги ускладат и смират очигледните спротивности како што се животот и смртта; реалното и имагинарното; минатото и иднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ова особено важи за пациентот кој прво побарал помош од лекар, а потоа бил упатен на психотерапија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- Цитат - со презир ќе рече упатениот набљудувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
РЕВШИН: Алексеј Максимович, јас не сум упатен во вашите кредитни можности.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Често ќе чуел од неа некој сожалив збор упатен кон него тешејќи го или влевајќи му надеж и храбрејќи го во мигови на разочараност и депримираност да издржи, зашто такви судбини има многу на земјава, дури и полоши, потрагични од неговата - а сега никако.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)