упад (м.)

Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сѐ до неговото загинување во бојот со влашката војска, во 1395 година, кај местото Ровина, Турците вршеа само повремени упади во Марковото вазално кралство, го ограбуваа и го одведуваа населението во ропство, но кога кралството остана сосема небрането, тие презедоа напад и врз него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можеше да се најде ниту козле, според комисиските наоди сите беа одземени, убиени при поранешните упади и претреси, преостанатите беа слеани во големото стадо на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми од првите козари што ги виде дозна оти не е фатен ниту еден козар и дека немало упади во куќите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
После упадот, додека сите работеа, јас испарив.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние сме на Балканот. Ние овде стравуваме од терористичките упади на нашите заколнати непријатели меѓу кои има и наши пребегани емигранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде, за среќа, и покрај жилавата инерција на социјалистичкиот реализам, уметничкото творештво беше оставено да се структурира како автономен естетски процес независно од надворешните упади и злоупотреби на Партијата и државата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште тогаш забележал дека градот не можат да го спасат од странски упади никакви одбранбени ѕидови, граници, како што може тоа да го стори природата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе седнеа во тремот или под лозницата, ќе испиеја по една ракија, ќе го пробаа сирењето што го донел и ќе се расприкажаа за животот во планината, за упадите на глутниците, за громовите, за пожарите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи (најпосле морам да признаам) при упадот во собата на заговорниците нивната збунетост оставаше поинаков впечаток, од оној, видениот низ затворената врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наоколу се знаците на еден див упад.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како да доаѓа времето во кое ќе се направи експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (вонинституционално миље) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Градејќи сопствен критички суд за театарот и театарската уметност, тој верува дека дошло времето во кое ќе може да се направи „експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (во институционално милје) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)