уништување ср.

уништување (ср.)

Често пак од еден народ историските прилики бараат или корено изменување на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг правец, или го загрозуваат него со полно уништожување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едно време управата, за да се ослободи од овој проблем, организира општо уништување на „прозорчињата“, лично оваа акција ја раководеше Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто безумните луѓе постојано измислуваат разни средства за уништување на природата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Странските чети, српските и грчките, ако научеа дека некој сој е организиран, односно дека стапил во редовите на Внатрешната македонска револуционерна организација, сите негови возрасни припадници, и мажите и жените, ги исколуваа, ноќе, надопица, на спиење, па сојовите, за да се одбранат од целосно уништување, се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тој миг, во мигот на завојување на Потковицата од страна на Турците, тоа го спаси Имотот од уништување: богатството, уредноста, пресметаната понизност на двајцата мажи што го пречекаа садриазамот, а потоа и онаа, понижувачка но среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
2. Автоматот служи за уништување на групни живи цели кои брзо се појавуваат и исчезнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Пушката е основно борбено оружје. Служи за уништување на непријателот со оган, нож и кундак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има право, заклучувам и за миг овој чин меѓусебно уништување го доживувам како голема претстава во која мојата улога избива во главна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не дека се тоа некои големи водје, во тие реките, туку зрачат со некоја страотност што заплашува со уништување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дотогаш партијата мораше да го подготви народот за мирното уништување на козите, да ги спречи сите спротивни намери.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние, децата во нашето семејство, кога одеше татко ми на работа, сѐ почесто го пуштавме радиото со надеж први да ја дознаеме веста за уништувањето на козите и тогаш први нешто да сториме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше обземен од митот на ѕидањето на Скадар на Бојана, и на сите други митови за трагиката на градењето и уништувањето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Надлежните власти објавуваат дека точно напладне портретот на плоштадот се предава во рацете на народот, така што тие можат да учествуваат во уништувањето на ...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе