униформа ж.

униформа (ж.)

„Господин капетане. Зора е. За човек во униформа доволно е толку спиење.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Можеби се работи за некои во зелени униформи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И, наеднаш, сиот тој свет од униформи и блескави бајонети се нурна кон зинатите железни крила од тврдината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До кутијата клечеше еден човек во офицерска униформа, каква што Трајче дотогаш не беше видел.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тројцата партизани, облечени во германска униформа, со шмајзери во рацете, се спуштија надолу низ буковата корија кон друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Саво и уште двајца други ги облекоа германските униформи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Освен ровот и униформата, сѐ друго беше како со овците во Брезница кон каде што сега Шишман ја имаше навртено цевката од пушката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЛИЦА САЗДО - Крупно мажиште, средна возраст; во железничка униформа, ноншалантно облечен, често распетлан; питом карактер, природно интелигентен.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
После што облековте униформи без противење како да бевте тргнати да ја барате српската војска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му ја фрлија бугарската униформа и му дадоа грчка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штотуку Трајан ја облече бугарската униформа, му стаса телеграма од дома; му пишува: „Братучед ти Висар умре, доаѓај побргу“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На „Клианкур“ можат да се купат и мајмуни, змии, мебел за кучиња, војнички униформи, сандали, петарди, стари носии, дршки од износени очила и уште што ли не ... А купувачи има.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, ваквата препоставка брзо отпадна кога, минувајќи низ големиот плоштад „Конкорд“ и упатувајќи се кон „Сен Лазар“, една од невралгичните точки за сообраќајот во Париз, со моите скопјани забележавме дека улиците се преполни со полицајци, со толку многу полицајци што во еден момент, ако не ги препознавав во униформите, ќе помислев дека се војници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Минувајќи преку овој мост човек не чувствува дека се префрлува од една во дуга држава, ако на тоа не го потсетат различните униформи на царинарниците од едната и од другата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ уште одеше во војничка униформа, со титовка и црвена петокрака. Го викаа стариот партизан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Плачев... Срам ми беше да излезам без униформа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во Втората балканска, облечен во грчка униформа, пеев како петел на низок плет.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Голобрадо и бледо, во широката излитена униформа како да е загубено, откинува синчец и долго го врти во прстите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Англиската униформа што си ја носев од Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе