умешен (прид.)
Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да беше умешен и да знаеше да управува со своите слабости, веројатно ќе можеше да им се наложува на сите оние кои идеа кај него само со една единствена цел, да го искористат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или на пример да го испровоцирам, да му речам дека сум умешен во потрагите и дека можам да му помогнам да ја пронајде личноста што му е потребна?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да беа истетовирани во сеќавањето од умешен мајстор..
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ги повторувам во себеси слушнатите звучни сигнали моделирани во прашање и патем заклучувам дека иследникот е голем итрец а згора на тоа умешен подметнувач на измислени или дотерани сеќавања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Една ноќ во пусти маки барајќи излез од непознат предел мустаќи нечии гледам густи таинствен во мракот некој беше седел се присетив тогаш почнав да опевам една падната шишарка постапката не беше умешна, точна се премислив веднаш песната ја ишаркав. 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не само заради вујкото, туку и заради присуството на оние многубројни стрпливи љубопитници, иако е премногу наметливо па дури и ми пречи она нивно умешно соживување со присуството на смртта.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)