улога (ж.)

Бугарија во македонското востание ја игра само улогата на Каравлашко во бугарското востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
149. Сите го мразат Волкашина за неговата улога и влијание врз Уроша, но царот му верува, македонските големци: 70 кралеви и банови, според народните песни, му веруваат и му даваат 70.000 војска со нив да умре на Марица за царот и „српското име”. 70.000 души војска од 70 кралеви и банови!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше време кога улогите на овие две држави беа обратни, т.е.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Со тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги изнесуваше имињата на учесниците, нивната улога во оваа возбудлива драма (како што веќе ја наречуваа во странските весници).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И навистина, Толе ја зеде улогата од Ѓорѓија, а и овие се согласија, бидејќи им објасни дека го познава овој крај, а има и свои пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Требаше да земам улога на голема, порасната, бидејќи ја чував Ели.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Рецитацијата, а и улогата од едночинката сакав да ја кажам најдобро од сите - поради татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа трпеливо ни ги објаснуваше улогите, ни ги оживуваше ликовите што требаше да ги претставуваме, ни покажуваше како треба да го изговориме секој збор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од сите знаменити води, Молитвена Вода, откако се паметува, играла најзначајна улога во животот на населбата во Потковицата и на сите околни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неодолив со спонтаниот хумор во своите први улоги, тој, според критиката, во последните беше премногу артифициелен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да, тој е бајколикиот Град во детските игри, во кои секогаш ја посакуваше улогата на принцот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А само некоја недела пред тоа ми ги даде брошурите ,Тито и Ранковиќ, банда на империјализмот" и ,Југославија и нејзината реакционерна улога во светот".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станува претседателот на привремената влада на Грција, Димитриос Парцалидис: — Се собравме, вели, за да расчистиме со некои ставови во писмото што дојде од Скопје и во врска со улогата на НОФ, АФЖ и НОМС, од нивното формирање до денес.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, бре, не се оставам улогава за потсмев и претерување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали улогата на доброволен затвореник ја прифатив затоа можев да бидам непредвидливо смел само во мечтите, или поради коприната во која ме заплеткуваа вештите прсти на трите стари дами?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Биолошкиот татко, прадедо ми Манас, кривоногиот Куман, грабливецот лихварски, премногу груб беше и низок за оној што го замислував во улогата на дарител.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наставникот по фискултура имаше двојна улога: и тренер и судија. Се трудеше да биде справедлив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе