узнава (несв.)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жените најбрзо ги узнаваат намерите на мажите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој не ги поведе своите на манастир, како што правеше секоја година, не ги поведе да не му пречат, зашто мислеше на сѐ, - можеби ќе си пријдат со Богдановото девојче, необични и тој и таа, узнавајќи се од душа такви, а тогаш треба човек да биде сосем слободен, ќе треба можеби да бегаат заедно далеку од род и родина, каде што сите стеги паѓаат, ќе треба можеби уште веднаш да загинат заедно, дека е тоа најдобро, не знае тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)