удоволи (св.)
Им се удоволи и продолжија заедно и во шесто, и во седмо, и во осмо одделение.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Се разбира, овие кратки назнаки не можат да им удоволат на интензивните и сложени дебати за изворите и варијантите на национализмот коишто ги окупираат историчарите и општествените работници од минатиот век.* Не постојат само различни патишта кон обликување на нациите во европски рамки - треба само да се спор едат британскиот, францускиот, германскиот, италијанскиот и рускиот национализам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јас лежев под дрвото; се чувствував глупаво, непријатно, оти удоволував на туѓа желба. Тој рече: „Затвори ги очите“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По поднесената молба до Високата порта, решено е барањето да се удоволи за што се издава овој високославен ферман.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа го направи рамнодушно само колку да му удоволи .
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)