ударен (прид.)
Ако од тој аспект погледнете на проблемот, ако ја земете организационата и ударната сила на Организацијата во служба на македонското национално движење, дури тогаш во вистинската светлина се јавува опасноста за бугарското дело во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По ослободувањето на Битола, Темпо ни го даде знамето на Првата егејска ударна бригада...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Застој, велам, неисправна капсула или нечистотија околу ударната игла.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сепак ударен во оваа глава е делот насловен Training and Performance, кој се занимава со „проблемот на идеологијата во ситуација на вежбање, обучување и изведба (training and performance), во практичниот силогизам на идеологијата на или во поединецот, или прашањето како идеологијата преку парцијализациите се претвора во чин, делување, акција на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А во текот на ноември се формира Првата македонско-косовска ударна бригада, а во декември и Втората македонска бригада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Прва македонска Народноослободителна ударна бригада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во текот на месец јуни 1944 година Третата македонска ударна бригада и Кумановскиот партизански одред во текот на јуни 1944 година извршиле напад на комуникацијата Куманово-Крива Паланка.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
За жал Општината изгоре сосе сите документи кога нападна Четвртата македонска ударна бригада.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ете, токму затоа, како на старите телевизори со неуки сопственици кои куќиштето го потчукнуваат, ми требаше итна и ударна поправка...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Настанот беше ударна вест во американските весници.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ова е лежиште за фишекот, а ова се вика главен отворач, кој е составен од игла и ударна пружина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)