угаснат (прид.)
Во градовите илјади безработни топеа сили крај високите, угаснати оџаци на фабриките и под пустите посивени ѕидишта од напуштените градилишта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо е сам во тесна теснина, светилката е угасната, но тој ја гледа јасно карпата таму на неполни триесет сантиметри.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш, во скржавите зимни мугри, угаснати од врнежот, зад нив само уште кусо време мижуркаа неколкуте осветлени прозорци на селото.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Огнот е угаснат, ама жарје уште има. Во устата, во грлото, во целата утроба.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Допаткувам покрај еден мртовец, го гледам: угаснат е жарот и во него. Само пепелта останала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)