увертира (ж.)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така беше до пред некој месец, кога, качувајќи се по скалата (тоа беше само увертира за мојата точка на трапез со Ина и Светлана), забележав дека ја губам рамнотежата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како што реков на почетокот, Династија на еден начин беше увертира во овој таксират кој што не најде со шпанските серии.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оваа задоцнета пролет ме потсети на тој почеток, фабулозна увертира, а сега веќе исконска слика која ги впива во себе сите моменти на среќа...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)