убавко (прил.)
Оти е убавко, убавко е, ата да го најде, ама и улавко е. Токо, какво и да е, туѓо е веќе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше толку малечко, убавко, црвенко, а тажно. - Многу ми е жал за него! - рече Јанка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Јован го зеде кафето од дизгот и го изгледа Катето од глава до петици. Убавко му се виде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)