тура (несв.)

ТЕОДОС: Ами, не турам јас за атер во мојата уста од секаква рака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: Што натемаго е! Кога ќе се зазборува!... (Мара турува од ѓумчето ракија во филџаните.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега нека ни прошчава, ако е гостин Ило, нека тура, а ти борави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните амбари се полни со ланско и поланско брашно. Кога го тураат — со кросно го набиваат, а кога го вадат — со мотиче го копаат. Тоа се вели домаќинлак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе види дека тапата не се вади, удира со грлото од шишето од масата, го крши, тура и со долги голтки, жедно пие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Водата во шлемот зовре. Евто одврза од една крпа сол, ја тури во водата, ја зеде торбата со пченкарното брашано, скрши една дебела гранка место сукало и му заповеда на Трајчета: - Ти ќе тураш од брашното, а јас ќе мешам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче тураше брашно, а Евто мешаше... Кога кашата се згусна, качамакот беше готов и сварен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Заплускуваше како некој со крбли да тураше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца да не го отстранат од градите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
БОРИС: Се стори. (Си тура себеси.) Тебе Матеја не те нудам, ти си домашен, лесно е со тебе. (Ја крева чаша.) За мир во светот. За американско-советската дружба. За радост и убајна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КЛАУС: (Му тура коњак на Стево.) А конечно зошто не го оставите брат ви малку в затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Не чинеше ни пет пари. Дајте ми нешто за пиење. (Стево збунето ѝ тура пијалак). На здравје. Каде постои музиката?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пак му ги турам во пајнчето, Ех, некако се напи: на трипати, на четири, Голтни, па издиши, почини се. Па пак голтни. Така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, сега наведи се, ми вели Маса Ќулумоска, да ти турам малку и во вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После само слушаш: - Не турај ми в уши. - Господ да те поживее, оти свеќа ми запали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ми тураат сосила, а јас ќе плачам и ќе повраќам. Тие пикај, а јас повраќај.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе